САД даде само СЕДУМ поени за една четвртина и го „положи оружјето“ пред Србија! 

По неочекуваните рани елиминации, најголемите фаворити за Мундобаскетот уште еднаш ги разочараа своите фанови, овој пат заради одиграната меѓусебна партија во борбата за 5. позиција на собирот во Кина

Наместо спектакл и многу борба, селекциите на Србија и САД како да одржаа лесен тренинг, во кој повеќе среќа имаше европската селекција која извојува победа од 94-89.

  • Извештај од натпреварот: 

„Орлите“ започнаа фуриозно, Богдановиќ реализира четири тројки во низа, и САД влезе во негатива од 12 поени разлика по само неколку минути игра. Но, ѕвездите на Грег Попович продолжија со незаитересираната игра, а Србија немилосрдно го полнеше нивниот кош. Тоа резултираше со само седум поени на Американците во првите 10 минути и негатива од 25 поени (32-7). 

Но, настаните на мечот многу брзо се променија. „Црната-серија“ и незаинтересираноста се пресели во редовите на Србија и САД константно казнуваше, па на одмор се замина со водство на европската селекција од само четири поени (44-40).

За разлика од првите две четвртини, во третата конечно гледавме израмнета кошарка. Србија го чуваше водството, но тоа варираше од +10 до +3, со колку и се влезе во финалните 10 минути. 

Момците на Ѓорѓевиќ помотивирано ја стартуваа финалната фаза, Лукиќ реализира тројка за нова двоцифрена позитива (78-68), која беше најава на одлична завршница на Србија и конечна победа од 94-89. Богдановиќ со 28 и Лучиќ со 15 поени беа најпрецизни Срби на мечот, додека кај САД се истакнаа Барнс со 22 и Вокер со 18 поени.

Во борбата за петата позиција, Србија ќе се судри со победникот од мечот кој следува меѓу Полска и Чешка