ВИДЕО: САД брзо се „отрезни“ од поразот од Австралија и рутински ја надигра Канада! 

По неочекуваниот пораз од Австралија од пред два дена, кошаркарската репрезентација на САД им се врати на успесите во подготовките за престојниот Мундобаскет во Кина. 

„Дрим-тимот“, предводен од искусниот стратег Грег Попович, брзо се „отрезни“ по шокантниот пораз од „кенгурите“ и на убедлив начин славеше над својот сосед Канада со 84-68.

Разликата во квалитет беше очигледна уште од самиот старт на мечот, кога Американците во првите десет минути примија само девет поени и се одлепија на двоцифрена предност (20-9). Ништо позначајно не се промени ниту во останатите четвртини. 

Еден од најголемите фаворити за златниот медал во Кина константно ја зголемуваше позитивата, за на крај да слави со +18 поени (84-68). 

Браун со 18 поени и Мичел и Вокер со по 12 поени беа најпрецизни во редовите на САД, додека кај Канада се истакна Валтер со 21 поен.

Извештај од натпреварот: 

Мундобаскетот во Кина стартува на 31 август, а САД се наоѓа во група заедно со Чешка, Турција и Јапонија. За овој собир Грег Попович со себе ќе одведе 12 кошаркари, откако во последниот рез отпадна Кајл Кузма. 

ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА СП:
Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Митчел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсом Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Дерик Вајт (Сан Антонио)