Поразот на Сан Антонио од Њујорк во првиот натпревар од НБА финалето не го загрижува Виктор Вембањама, кој порача дека неговиот тим ќе изгледа многу подобро во продолжението на серијата. Никси славеа на гостински терен со 95-105 и веднаш ја одзедоа предноста на домашниот паркет.
Кошаркарите на Њујорк Никс го отворија НБА финалето со победа од 95-105 на гостувањето кај Сан Антонио Спарс и поведоа со 1-0 во серијата која се игра до четири победи.
НБА лигата и оваа сезона ќе добие нов шампион, што значи дека осма година по ред титулата ќе заврши во рацете на различна франшиза. Ова е најдолгата низа на различни шампиони во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Тренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дејно, изјави дека Сан Антонио заслужено се пласирал во финалето на НБА лигата, истакнувајќи дека неговиот тим одиграл добро, но недоволно за пласман во финалната серија.
Француската суперѕвезда Виктор Вембањама изрази огромно задоволство од пласманот на Сан Антонио Спарс во НБА финалето, истакнувајќи дека чувството е прекрасно и неверојатно.
Екипата на Сан Антонио Спарс продолжува да ја пишува најубавата приказна во овогодинешниот НБА плеј-оф. Тимот од Тексас со победа од 111-103 на гостувањето кај Оклахома Сити Тандер ја доби серијата и обезбеди пласман во големото НБА финале. Спарси успеаја да го елиминираат актуелниот шампион и да стигнат до своето прво финале по 2014 година, кога ја освоија последната титула. Сега ќе имаат можност да се борат за шестиот шампионски прстен во клупската историја.
Кошаркарите на Сан Антонио извојуваа уште една голема победа над Оклахома со резултат од 118-91 и се изборија за „мајсторка“ во финалето на Западната конференција на НБА лигата.