• Саше Љолес

Домантас Сабонис и Сакраменто Кингс би можеле наскоро да се разделат. Според информациите од американските медиуми, литванскиот центар сака да го напушти тимот, а раководството на франшизата е подготвено да ги разгледа понудите за негов трансфер.
Незадоволството, според извештаите, е присутно на двете страни. Кингс нема да инсистираат на задржување на Сабонис по секоја цена, но нема ниту да прифатат понуда што не одговара на нивните планови за иднината.
Шпекулациите за можна разделба се засилија уште во текот на летото, кога 30-годишниот кошаркар ја промени агенцијата и ангажираше друг агент. Дополнителна пречка во евентуалните преговори е неговиот договор, според кој има уште две загарантирани сезони, вредни вкупно околу 94 милиони долари.
Сабонис минатата сезона имаше сериозни проблеми со повреда на коленото и настапи на само 19 натпревари, со просек од 15,8 поени, 11,4 скока и 4,1 асистенција. Во актуелната сезона бележи 16 поени, 15,8 скока и 7,3 асистенции по натпревар.
Останува да се види дали Сакраменто ќе добие понуда што ќе ги задоволи неговите барања и ќе овозможи заминување на еден од најважните играчи во тимот.





