Сабали одигра маестрална соло-партија, четвртфинале за Германија на ОИ

Женската селекција на Германија ја совлада Јапонија во второто коло од групата Ц на Олимписките игри (75-64), со што си го обезбеди пласманот во елимнациската фаза. 

Германките беа апсолутно подобар ривал и ги добија сите четвртини во своја полза, а најефикасна кошаркарка во победничкиот состав беше одличната Сату Сабали, која запиша дури 33 поени и шест скока, додека на спротивната страна Маки Такада беше автор на шеснаесет поени. 

За Јапонија ова беше втор пораз на Игрите, додека Германија со втората победа е веќе сигурен патник во четвртфиналето. 

На женскиот кошаркарски турнир вечерва се игра и вториот натпревар од второто коло во оваа група, а се среќаваат САД и Белгија