Рускиот селектор Базаревич го објави конечниот список за турнирот во Перм

Сергеј Базаревич, рускиот кошаркарски селектор го објави конечниот список на кошаркари со кои ќе се натпреварува на претстојните мечеви на турнирот во Перм (18-22 февруари).

Искусниот стратег на последниот квалификациски „балон“ на располагање ќе има 16 кошаркари, а меѓу нив имаше и место за неколку членови на ЦСКА Москва, иако рускиот гигант во следниот период ќе има обврски во Евролигата. Инаку, еден од противниците на Македонија на овој турнир, има најмногу кошаркари кои доаѓаат од Нижни Новгород.

Рускиот список за турнирот во Перм:

Бекови:
Евгениј Бабурин, Максим Григорјев, Артем Комолов, Михаил Кулагин, Григориј Мотовилов, Иван Штребко. 

Крила:
Семен Антонов, Антон Астапкович, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Станислав Иљиницки, Антон Квитковски, Павел Савков, Андреј Воронцевич         

Центри:
Џоел Боломбој, Владимир Ивљев 

Мечот помеѓу нашата и руската селекција е закажан за 19 февруари од 13:30 часот во салата „Молот“ во Перм.