Руски Зенит ќе ја добие „вајлд картата“ за настап во Евролигата

В четврток европската кошаркарска организација (УЛЕБ) треба да ги додели „вајлд картите“ за следните изданија на Евролигата и Еврокупот. Иако нема официјализација добро информираните тврдат дека во најсилниот европски Куп ќе игра рускиот Зенит Санкт Петербург и ќе им се придружи на Химки (претставник на Балтичката лига) и европскиот првак ЦСКА Москва (клуб со договор за учество).

Покани за учество во Еврокупот ќе добијат Бреша и Виртус од Италија и Дарушафака од Турција. Голема прашина во Италија се крена околу Виртус од Болоња, екипа која е актуелен победник на ФИБА Лигата на шампионите.

Имено, поранешниот европски првак му сврти грб на ФИБА и одлучи да игра во Еврокупот на УЛЕБ, па според шпекулациите тоа Италија ќе ја чини одземање на скоро сигурна група на Евробаскетот 2021 година.

Евролигата наскоро треба да објави и каде ќе се игра следниот „фајнал-фор“ во мај 2020 година.