Руски клуб застана во редот за потписот на Ненад Димитријевиќ

Откако пред една седмица пишуваше дека Црвена Звезда може да биде новата средина на македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, кошаркарскиот инсајдер Лука Д'Алесандро сподели информација дека плејмејкерот на Валенсија е пред преселба во Русија.

Наводно, за услугите на 24-годишниот кошаркар е заинтересиран тимот на Уникс Казањ. Иако руските екипи во новата сезона нема да настапат во Евролигата и останатите европски натпреварувања, сепак, амбициите и на Уникс и останатите клубови остануваат високи.

Македонскиот плејмејкер, според шпекулациите на шпанската кошаркарска јавност, не е во плановите на новиот тренер Алекс Мумбру, кој му кажал дека може да си бара нова средина, па затоа гласините за неговото заминување се сè погласни. 

Дали тоа ќе биде во Црвена Звезда со која ќе може да игра во Евролигата, или пак ќе направи трансфер во Русија или некој друг клуб, наскоро ќе дознаеме.