Русите немаат среќа пред СП, Кулагин го повреди окото

Кулагин

Кошаркарската репрезентација на Русија неодамна доби тежок удар и откри дека ќе игра на Светското првенство без најдобриот поединец Алексеј Швед.

Поради повреда тој ќе прави пауза најмалку четири недели, а сега селекторот Сергеј Базаревич остана без уште еден квалитетен кошаркар.

Се работи за Димитри Кулагин кој нема да биде дел од експедицијата во Кина поради повреда на окото. Докторите со брза реакција му го спасиле видот, а тоа го натера 27-годишникот да преземе мерки на претпазливост и да го откаже учеството од Мундобаскетот.

„Зборнаја“ ќе игра во групата Б заедно со Аргентина, Јужна Кореја и Нигерија.