Поранешниот руски репрезентативец, а сега успешен тренер Евгениј Пашутин го препороди Локомотив Кубан. Откако го презеде кормилото од италијанскиот тренер Лука Банти, Русинот запиша девет победи на десет натпревари, пред шампионатот да биде прекинат заради пандемијата ковид-19.