Габриел Лундберг е новото засилување на екипата на ЦСКА Москва. Данскиот интернационалец ќе ја продолжи кариерата во Русија и ќе има можност да игра за една од најдобрите европски екипи на денешницата.
Грузискиот интернационалец Торнике Шенгелија е нов играч на ЦСКА Москва. Рускиот гигант го потврди потписот на еден од најдобрите кошаркари на стариот континент.
Џоел Боломбој потпиша нов договор со ЦСКА Москва и ја продолжи верноста со рускиот гигант. Кошаркарот со татко од Конго и мајка од Русија, настапува за руската репрезентација, а игра во Европа од 2018 година. Претходно беше дел од НБА лигата, играјќи за Јута и Милвоки.