Русија остана без сили за пресврт и ѝ ја препушти првата позиција на Аргентина

Селекцијата на Аргентина ја доби битката со Русија и со победата од 61-69 како првопласирана во групата Б ќе ја дочека елиминационата фаза на Мундобаскетот кој се игра во Кина

  • Извештај од натпреварот: 

Русите тргнаа лошо, но брзо ги консолидираа своите редовите и по десет минути игра имаа позитива од пет поени, 17-12. Сепак, следуваше нов пад во нивната игра, која Аргентина соодветно ја казни и не само што го презеде водството, туку стигна и до високи +11, но во последната минута Русија возврати со две тројки во низа и на одмор замина со поднослива негатива од шест поени (33-39).

Неефикасноста во нападот на двете селекции продолжи и во вториот дел. Русите во желба да ја анулираат негативата влегуваа од грешка во грешка, но на нивна среќа ништо подобра не беше ниту Аргентина, која сепак во последниот квартал влезе со +13. 

Но, следуваше нов блесок на руските кошаркари, кои успеаја да намалат на само два поени негатива, но не успеаја да се изборат за целосен пресврт, па така им ја препуштија првата позиција на Аргентинците (61-69). 


Кампацо со 21 и Скола и Дела со по 13 поени беа најзаслужни за победата на „гаучосите“, а кај поразената селекција се издвои само Зубков со 18 поени.