Русија ја надигра Естонија, што сега треба за Македонија да оди на ЕП?

Кошаркарската репрезентација на Русија ја заврши работата, славеше над Естонија (75-52) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) и во последното коло Естонците и Македонија ќе бијат директна битка за место на континенталниот собир.

„Зборнаја“ доминираше во текот на целата средба и заслужено ги освои бодовите. Најдобри кај победникот беа Бабурин со 14, Воронцевич со 13 и Кулагин со 12 поени, додека кај Естонците, Јоесар имаше десет поени.

Сега, за Македонија да патува на ЕП, потребна е победа против Естонците од десет поени разлика. Првиот дуел кој во февруари 2020 година се одигра во Скопје заврши со висок триумф на Естонија (72-81).