Русија е осминафиналната пречка за кадетите на ЕП во Удине

Репрезентацијата на Русија е противникот на Македонија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) за кошаркари до 16 години кое се игра во Удине.

По триумфот над Летонија. нашиот национален тим заврши како трети во групата и вкрстува со Русија која го изненади домаќинот Италија.

Натпреварот од осминафиналната фаза меѓу Македонија и Русија е закажан на 13 август од 16:30 часот.

Македонија У16 ја заврши групната фаза со една победа над Летонија и два несреќни порази од Шпанија и Израел.