Рукито на Хорнетс повторно блеска, израмни рекорд на славниот Мајкл Џордан!

Руки кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Кон Кнупел, продолжува да блеска во својата дебитантска сезона во НБА и успеа да израмни еден рекорд на легендарниот Мајкл Џордан.

Младиот бек го достигна учинокот на Џордан по бројот на натпревари во кои како дебитант постигнал најмалку 20 поени, со што се израмни со еден од најголемите кошаркари во историјата.

Кнупел оваа сезона игра одлично во дресот на Шарлот и е еден од најдобрите новајлии во лигата. Неговите партии му донесоа место меѓу најдобрите руки играчи, а сè почесто неговото име се споменува во ист контекст со големите ѕвезди на лигата. 

Доколку продолжи во истото темпо, младиот кошаркар ќе има шанса и да го надмине рекордот и дополнително да ја оплемени својата прва сезона во најсилната светска лига. Сезонава Кнупел бележи просек од 19,2 поени, 5,5 скокови и 3,4 асистенции по натпревар.