Руди Гобер заминува од Јута и продолжува во Минеаполис

Гобер

Францускиот центар Руди Гобер по девет години заминува од Јута Џез и кариерата ќе ја продолжи во Минесота Тимбервулвс.

Одамна се зборуваше за разделба на дуото во Солт Лејк Сити. Донован Мичел беше изборот на управата, околу кого ќе се формира тим кој ќе атакува на шампионски прстен.

Во замена за Французинот, „џезерите“ добија пакет засилувања и тоа Малик Бизли, Патрик Беверли, Вокер Кеслер, Џеред Вандербилт и Леандро Болмаро, како и четири пикови на драфтот од првата рунда (2023, 2025, 2027, 2029).

Минесота добива одличен дефанзивец, кој во три наврати ја освојувал наградата „најдобар одбранбен играч“ во НБА лигата.