Рубио е МВП на СП, „ол-стар“ тимот со Скола, Богдан, Гасол...

Шпанскиот репрезентативец Рики Рубио е прогласен за МВП на кошаркарскиот Мундијал кој се одржа во Кина.

„Фуријата“ дојде до тронот преку Аргентина, а Рубио беше лидер во финалето. Тој ја доби наградата за најкорисен играч и стана вториот шпански репрезентативец во историјата кому му успеало тоа, по Пау Гасол по СП 2006 во Јапонија.

Што се однесува до „ол-стар“ тимот, место во него добија Рики РУбио (Шпанија), Богдан Богдановиќ (Србија), Еван Фурние (Франција), Луис Скола (Аргентина) и Марк Гасол (Шпанија).

Шпанците во големото финале со убедливи 20 разлика ја совладаа Аргентина, додека третото место ѝ припадна на Франција која беше поуспешна од Австралија.