Рори: МЗТ е искусен, ама ние сакаме да го задржиме моментумот

Српскиот тим Мега Лекс гостува на МЗТ Скопје во рамките на осмото коло на Јадранската лига. Со две победи во низа, овој тим пристигна во Македонија за дуелот против „штрковите“. Пред натпреварот, свое мислење изнесе Ахмад Рори, кој нагласи дека посакува продолжение на добрата серија. 

„Нè чека многу важен натпревар. МЗТ е талентиран и искусен тим кој игра со висок интензитет. Добивме два натпревари во низа и влегуваме во добар ритам, па ќе биде важно да го задржиме моментумот и високиот интензитет, за да обезбедиме победа“, кажа Рори. 

МЗТ Скопје има шест порази и еден триумф, па со евентуална победа би се израмнил со Мега на табелата. Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ се игра в недела од 21:00 часот.