Рондо нема да ја активира опцијата „сезона на ветерани“ за да остане во ЛА Лејкерс

Ражон Рондо, искусниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, ќе се откаже од можноста автоматски да го продолжи договорот со „езерџиите“ на уште една година и ќе стане слободен агент, пренесува „Basketball news“ повикувајќи се на извори од таборот на актуелниoт шампион во НБА лигата. 

Секако, тоа не значи дека Рондо ќе ги напушти редовите на Лејкерси, доколку добие продолжување на соработката. 34-годишниот плејмејкер во стариот договор има опција да ја активира т.н. „сезона на ветерани“, во која ќе треба да заработи 2,6 милиони долари.

Како што стојат работите, Рондо нема да ја прифати таа можност, но доколку Лејкерс му понуди нов договор, нема сомнеж дека тој ќе остане во таборот на шампионот.