Робинсон постигна 71 поен со „измама“, противниците добиле наредба да не го чуваат!?

Робинсон

Поранешниот центар на Сан Антонио Спарс, Дејвид Робинсон, постигна рекордни за него 71 поен против Лос Анџелес Клиперс во последниот дуел од сезоната 1993/94. Тоа му овозможи да стане најдобар стрелец во НБА лигата, пред тогаш младиот кошаркар на Орландо Меџик, Шекил О'Нил.

Во американските медиуми се рашири шпекулација дека тој меч бил наместен, односно двајца противници на Робинсон добиле директни наредби да не го чуваат како што најдобро знаат.

Тоа се Доминик Вилкинс и Рон Харпер, кои пред мечот добија инструкции од својот тренер Боб Вајс.

„Тој ни рече: „Момци, видете вака, по четири минути ќе мора да ја повлечам првата петорка. Газдата сака да види како Робинсон победува во трката за најдобар стрелец во лигата“ , рече Вилкинс, а на тоа се надоврза и Харпер: „Тоа што го направивме беше навистина срамота““.

Центарот на Клиперси, Елмор Спенсер, одигра само пет минути, а прашање беше колку тој лично можеше да се справи со популарниот „адмирал“. На крај Спарси запишаа убедлива победа, а нивната ѕвезда ја освои престижната индивидуална награда.