• Горан Упале

По двете победи на стартот од новата сезона во Суперлигата, кошаркарот на Работнички, Дамјан Робев, ги сподели своите впечатоци за почетокот на првенството, атмосферата во тимот и амбициите за продолжението на сезоната.
Робев е задоволен од досегашниот настап на тимот, нагласувајќи дека добрите резултати се плод на заедничката работа, позитивната енергија и мотивацијата што владее меѓу кошаркарите.
„Добро ја започнуваме сезоната со две победи. Атмосферата во тимот е одлична, имаме добра енергија и се трудиме максимално на секој тренинг. Секој натпревар го сфаќаме сериозно и влегуваме со иста мотивација, без разлика на противникот. Навивачите ни даваат дополнителен мотив и знам дека ќе продолжиме во истиот ритам и на следните натпревари. Посакувам само здравје на сите играчи за да го покажеме нашиот максимум како тим“, порача Робев.
Работнички со позитивна атмосфера и две победи на почетокот на сезоната го продолжува натпреварувањето во Суперлигата, а следен противник ќе му е тимот на Пелистер.









