Денес во Белград и Торино започнаа првите мечеви од Олимписките квалификации во кошарка во машка конкуренција. На турнирот во белградска „Арена“ Летонија без проблеми славеше против Јапонија со убедливи 88-48. Најефикасен во победничката селекција беше асот на Лаборал Куча, Бертанс со 20 поени.