Најновото засилување од Соединетите Американски Држави, Џејкоб Вајли може да се окарактеризира како вистински погодок на раководните лица во македонската кошаркарска репрезентација.
Последниот меч од квалификациите за Европското првенство 2022 година донесе пирова победа за Македонија на дуелот со Естонија. Конечниот резултат беше поволен за ривалот, кој успеа да оствари голем успех и се пласира на големото натпреварување.
Естонија си ја оствари целта и избегна висок пораз против Македонија. Тоа значи дека естонската репрезентација ќе игра на Евробаскетот наредната година.
Кошаркарската репрезентација на Македонија остана без пласман на Евробаскетот, откако денес победи со недоволна разлика на клучниот меч против Естонија (84-86) на квалификацискиот турнир во Перм, Русија.
Македонија ќе го одигра клучниот натпревар во квалификациите за Евробаскетот, денес од 15:00 часот против Естонија. На „црвено-жолтите“ им е потребна победа од десет поени разлика, бидејќи Естонците во Скопје славеа со девет пред една година.
Естонија е последната пречка за Македонија на квалификацискиот турнир за Евробаскетот во Перм, Русија. Двоцифрена победа ја носи нашата репрезентација на континенталниот собир. Противникот загуби од Русија на последниот меч, но како да чуваше сили за она што следува денес.
Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ја има решавачката битка за пласман на Европското Првенство, а во истата ќе влезат со групата на борци кои вчера херојски ја совладаа Италија и ја запишаа првата победа во овој квалификациски циклус.
Македонија ја победи Италија, Русија беше подобра од Естонија, па така, нашиот национален тим остана во игра за едно од последните две места на Евробаскетот кој ќе се игра во 2022 година.