Екипата на Цедевита Олимпија претрпе пораз на гостувањето кај МЗТ Скопје во рамките на АБА лигата. Иако важеше за голем фаворит, словенечкиот колектив беше надигран во СЦ „Јане Сандандски“ и неизбежен беше неуспех.
Кошаркарите на МЗТ Скопје по девет порази, стигнаа до победа во АБА лигата и тоа против гигантот Цедевита Олимпија од 79-74. Средбата од 18. коло во СЦ „Јане Сандански“ покажа дека аеродромци растат под водство на Драган Николиќ. Неговите избраници одиграа одличен натпревар, издржаа под притисокот на фаворитот и заслужено дојдоа до многу важна победа.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа мирна недела, во која напорно работеа, подготвувајќи ги натпреварите против Цедевита и Работнички. Иако дербито в понеделник е посебен натпревар, тренерот Николиќ сака да размислува само за дуелот против Цедевита.
Цедевита Олимпија е една од четирите водечки екипи во АБА лигата и како резултат на тоа дојде победата против Партизан пред два месеци. Овој проект е предодреден да расте и „плодовите“ од работата треба да се видат во следните години.
Малкумина би се обложиле на успех на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со една од четирите најдобри екипи во АБА лигата, Цедевита Олимпија од Љубљана. Сепак, Драган Николиќ верува дека со слободна недела за тренинзи и добра подготовка на натпреварот, како и враќање на повредените кошаркари, не е невозможно изненадување.
По одличниот натпревар против Будуќност, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се вратија чекор назад и загубија и од Гостивар во домашното првенство и од Студенски центар Дерби во АБА лигата. Момците на Драган Николиќ имаат голем предизвик пред себе, бидејќи во два дена ќе играат два дерби дуели - против Цедевита Олимпија и против Работнички.