Екипата на Црвена Звезда слави на првото големо дерби на српската кошарка оваа сезона, откако пред својата публика со 90-74 го совлада составот на Партизан, во рамките од АБА лигата. „Црвено-белите“, под водство на новиот стратег Душко Ивановиќ, играат како препородени, ја впишаа петтата победа во низа во сите натпреварувања, до која стигнаа по фантастична последна четвртина, добивајќи ја со 20-9.
По две опомени за фрлање предмети на теренот, судијата Дамир Јавор го прекина првото сезонско дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан Моцарт Бет, на крајот од првата четвртина и при резултат 18-17 за „црно-белите“.