Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија во финалето на АБА2 лигата од Златибор Чајетина (78-73). Сепак, избраниците на Александар Петровиќ веќе се пласираа во елитното друштво на Јадранската лига, а по натпреварот стручњакот го изнесе своето мислење.
Кошаркарите на Златибор се израдуваа во финалето на АБА2 лигата, откако ја доби драмата против МЗТ Скопје со 73-78. Иако „штрковите“ се вратија од -20 поени дефицит и имаа напад за победа, не успеаја и загубија во продолжение. Сепак, јасно е дека „штрковите“ ја исполнија целта и следната сезона ќе играат во елитното јадранско друштво.
МЗТ Скопје Аеродром ја исполни својата цел и преку завршниот АБА2 турнир се врати во елитата на Јадранот. Откако Златибор се пласира да игра во финалето, јасно беше дека неговиот ривал ќе оди директно во првата АБА лига, без оглед на резултатот од натпреварот за трофејот.
Кошаркарите на МЗТ Скопје по четири сезони обезбедија кам-бек во АБА лигата, меѓутоа утре ги очекува натпревар против Златибор за трофејот во АБА2. Завршниот турнир кој се одржува во Скопје ќе ја има својата кулминација со финалниот натпревар и битката за титулата.