Во име на Грузија по триумфот над Македонија (65-79), говореше и Тадеус Мекфејден, поранешниот кошаркар на Карпош Соколи кој истакна дека тимот не дошол во Скопје со мисла дека се е готово и не си ги впишал бодовите предвреме.
Кошаркарската репрезентација на Грузија ја оствари целта, победи против Македонија во Скопје (65-79) и го оствари вториот меѓусебен успех во пресметките во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2023 година.
Кошаркарската репрезентација на Македонија останува без победа во квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2023 година. Нашиот национален тим со бројни промени и без селекторот Драган Бајиќ (позитивен на ковид-19) потклекна пред Грузија (65-79), вторпат во овој ФИБА-прозорец. Подмладената селекција не се посрамоти. Се бореше до крајот и беше рамноправна со искусниот ривал во чии редови блескаа ѕвездите со европско искуство Гиорги Шермандини и Тадеус Мекфејден. Ова беше втора победа за Грузијците над Македонија, по онаа во Тбилиси во претходната рунда. Вкупно, Македонија го почувствува четвртиот пораз во четвртата средба. Следниот меч според календарот е во месец јули на гости во Шпанија.
Ненад Димитријевиќ го одигра еден од најдобрите натпревари за Македонија на поентерски план и со 25 поени учествуваше во поразот со Грузија (65-79). По мечот плејмејкерот им честита на Грузијците и истакна дека Шермандини и Мекфејден ја направиле разликата на теренот.
Македонија и во четвртиот натпревар не успеа да слави во квалификациите за СП 2023. Нашиот национален тим падна пред Грузија (65-79), а по натпреварот тренерот Александар Јончевски истакна дека ова е заслужен триумф на Грузија.
Кошаркарската репрезентација на Македонија останува без победа во квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2023 година. Нашиот национален тим со бројни промени и без селекторот Драган Бајиќ (позитивен на ковид-19) потклекна пред Грузија (65-79), вторпат во овој ФИБА-прозорец.
Грузиската кошаркарска репрезентација застана со поддршка за Украина, пред натпреварот против Македонија кој се игра во Скопје во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2023 година.
Македонија вечерва ќе бара одмазда за поразот од пред неколку дена во Тбилиси, а за дуелот во Скопје против Грузија ќе биде посилна со присуството на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.
Македонската репрезентација ги прави финалните подготовки пред домашниот дуел против Грузија во рамките од квалификациите за Светското првенство 2023 година. Селекторот Драган Бајиќ и натаму не е достапен, па нашите најдобри кошаркари без него ќе атакуваат на прва победа во групната фаза. Пред неколку дена грузијската репрезентација си ја заврши работата пред својата публика, па сега на ред е истото да го направи македонскиот национален тим. На денешниот тренинг беше присутен првиот човек на федерацијата Перо Антиќ, а на теренот не се појави Андреј Маслинко.
Кошаркарската репрезентација на Македонија замина за Грузија, каде ќе ја продолжи својата битка за следна фаза во квалификациите за Светкото првенство во 2023 година. Македонската делегација видно ослабена ќе му се спротистави на домаќинот во Тбилиси, а меѓу повредените кои што останаа во Скопје е и младиот Ненад Димитријевиќ.
Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за новиот ФИБА прозорец, во кој ќе се одиграат две кола од квалификациите за следното Светско првенство во 2023 година.