• Феникс не застанува, победи и на жешкиот терен во Бруклин

    Феникс Санс покажа дека е екипата во најдобра форма во НБА лигата и славеше на гостувањето кај Бруклин Нетс (107-113). Минатогодишниот вицешампион стигна до 16 победи во низа и тоа против еден од фаворитите за титулата пред почетокот на сезоната. Првата и третата четвртина „сонцата“ од Аризона ги добија со убедлива разлика и си направија залиха за финишот. Девин Букер постигна 30 поени за гостите, а најефикасен на теренот беше Кевин Дурант со 39 поени.