• Дончиќ и Јокиќ ги предводеа Далас и Денвер до победи

    Далас Маверикс победи против Детроит Пистонс со 127-117, во рамките на синоќешните НБА пресметки. Иако гостите играа добро и водеа во првиот дел, сепак во продолжението домаќинот покажа кој е кој и запиша победa. Најдобар играч на теренот беше Лука Дончиќ кој речиси собра троен ефект, но застана на „дабл-дабл“ од 30 поени, десет скокови, а надоврза и девет асистенции. По него меѓу поентерите беа дуото од Детроит, Грант кој даде 26 и Јозеф со 24 поени.