Димитар Мираковски, тренерот на Работнички, по поразот од Широки Бријег за крај на настапите во „балонот“ во Сараево во АБА-2 лигата испрати многу критики до своите играчи. Некогашниот играч на центарци кажа дека е срамно да се прими над 70 поени во едно полувреме и истакна дека ќе следи длабока анализа и разговор со сите играчи.
Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, им се врати на поразите во АБА2 лигата и значително ги намали шансите за место во разигрувањето за пласман во елитното регионално натпреварување. Во првиот денешен натпревар од втората АБА лига, „центарци“ загубија од директниот ривал за плеј-оф Широки Бријег со 106-77.