Револуција во НБА: Навивачи ќе можат да купуваат влезници со виртуелни пари

Далас

Најсилната кошаркарска лига, НБА, постојано воведува промени, кои се тренд во светски рамки.

Сега, екипата на Далас Маверикс ќе им овозможи револуционерен начин на своите навивачите да стигнат до опрема или влезници. Приврзаниците на франшизата од Тексас ќе можат со помош на виртуелни пари (Bitcoin) да плаќаат на официјалната веб страница на клубот.

Но, ова нема да биде првпат една НБА екипа да го користи овој платежен метод. Пред пет години тоа го направи Сакраменто Кингс.

Новата сезона во САД започнува на 22 октомври, а ќе заврши на 15 април наредната година.