Репрезентативецот Ташовски со прв интернационален предизвик, ќе игра во Хрватска!

По речиси четири сезони поминати во дреот на ТФТ Скопје, Виктор Ташовски се раздели со четвртопласираната екипа од минатиот шампионат. Ташовски потпиша договор со хрватскиот кошаркарски прволигаш Дубровник за претстојната сезона, што ќе биде неговиот прв меѓународен предизвик.

Од денот кога пристигна во ТФТ, Виктор растеше заедно со клубот, а неговата последна сезона беше и неговата најдобра. Со просек од 15.6 поени и 3.3 асистенции по натпревар, репрезентативецот беше еден од лидерите на тимот и даде огромен придонес во секој натпревар.

Токму во дресот на ТФТ, битолчанецот се изгради во стандарден репрезентативец на Македонија, а во Хрватска треба само да се надградува.