• Саше Љолес

Тренерот на Цедевита Јуниор, Дино Репеша, зборуваше за сајтот на АБА2 лигата во пресрет на натпреварот со МЗТ Скопје и рече дека неговите избраници ги очекува тешка задача во македонската престолнина.
„Иако обезбедивме пласман во следната фаза, на моите играчи им реков дека не смееме да се прикажеме во лошо светло во Скопје. Имаме неколку изостаноци поради повреди, но верувам дека помладите кошаркари одговорно ќе пристапат на мечот.
Ќе биде интересно, МЗТ претрпе одредени промени во ростерот, но и натаму е екипа која припаѓа меѓу најдобрите во АБА2 лигата. Мислам дека ќе имаме тешко гостување, но би сакал да заминеме од Скопје со победа“, рече Репеша.
Шампионот на нашата земја ги загуби шансите за пласман во плеј-офот, но ќе има задача да прикаже добра игра против Цедевита и со победа да „се одјави“ од годинашната јадранска пловидба. Натпреварот е закажан за попладнево во терминот од 18:00 часот.