ВИДЕО: Рекордна вечер за Кари против Денвер, Ембид го доби дуелот со Дончиќ

Kari

Стеф Кари ја одбележа минатата НБА вечер со неговите 53 поени во победата на Голден Стејт против Денвер (113-106). Одличниот шутер стана прв стрелец во историјата од клубот и го надмина легендарниот Вилт Чембрлејн. За гостите хендикеп беше и повредата на Џамал Мареј кој во завршната минута падна и тешко го повреди коленото.

Њујорк го одбрани домашниот терен против ЛА Лејкерс (111-96). Шампионскиот тим останува без своите први ѕвезди, кои се очекува да се вратат на крајот од оваа источна турнеја. Џулиус Рендл прикажа солидна партија со 34 поени против својата поранешна екипа.

Екипата со најдобра форма останува Феникс која го пречека и го надигра Хјустон (126-120). Џе Краудер и Девин Букер комбинираа за 50 поени, а „сонцата“ скокнаа на второто место на табелата во западната конференција и најавија борба за висок пласман во плеј-офот.

Расел Вестбрук беше феноменален на тешкото гостување кај Јута каде Вашингтон изненадувачки го однесе триумфот (121-125). Плејмејкерот запиша неверојатни 25 поени и по 14 скока и асистенции, па беше лидер во својот тим во овој подвиг.

Њу Орлеанс пронајде решение за Сакраменто (117-110) најмногу благодарение на Брендон Инграм кој заврши со 34 поени. Идентично импресивен беше и Зион Вилијамсон кој оствари учинок од 30 поени и шест скока.

Филаделфија ја оправда улогата фаворит кај Далас (95-113). Одбраната беше клучот на овој меч, на кој домашните кошаркари не ја надминаа границата од 100 поени и покрај солидната игра на Лука Дончиќ (32). Сепак, на спротивната страна расположен беше Џоел Ембид со 36 поени, кој важи за сериозен кандидат за МВП наградата.

Сан Антонио убедливо славеше во Орландо (97-120), а Мемфис оствари домашната победа против Чикаго (101-90).