Рекордер по број на мечеви со тројкa во НЦАА доаѓа во Академија ФМП

Екипата на Академија ФМП се засили за продолжението од сезоната и потпиша договор со Мек Смит, американски кошаркар кој ќе биде нов странец во тимот од Кисела Вода.

Младиот бек во Македонија доаѓа по првиот предизвик во професионалната кариера. Досега беше дел од Вестерн Мичиген за кого во просек постигна 7,27 поени, 3,3 скока и 1,3 асистенции по натпревар, но добиваше скромна минутажа.

Инаку, Мек Смит е рекордер по број на натпревари на кои постигнал тројки во НЦАА-лигата. Американецот дал најмалку една тројка на 91 натпревар во низа, што е навистина уникатен рекорд.

Кошаркарот и Академија ФМП потпишаа договор до крајот на сезоната.