Рекорд во Атина: Панатинаикос ги продаде сите сезонски билети за само 48 часа!

Актуелниот европски кошаркарски владетел, Панатинаикос, уште еднаш ја потврди својата големина како гигант на стариот континент и објави дека се продадени буквално сите сезонски билети за следната натпреварувачка година. 

„Нашите навивачи побрзаа да си ги обезбедат своите места во „ОАКА“ арената и за следната сезона. Уште еднаш ја докажавме нашата неприкосновеност и љубовта кон тимот.

Ви благодариме за огромната поддршка и за вашата лојалност. Одиме чекор по чекор кон испишување нова историја“, стои во соопштението од клубот. 

„Детелинките“ од Атина успеале да продадат 15.000 сезонски билети за само 48 часа, нешто што скоро никогаш не е случај кај другите учесници во Евролигата.