ВИДЕО: Рејес го надмина Наваро, Реал надополни -18 и го совлада Милано

Иако многу лошо го започнаа натпреварот, европските прваци, кошаркарите на Реал Мадрид навреме се „разбудија“ и го совладаа италијанскиот претставник Олимпија Милано со 92-89 во рамките на 27. коло на Евролигата.

Изненадување е победата на Жалгирис во Тел Авив, а Панатинаикос во „Мир и пријателство“ го совлада домаќинот на завршниот турнир, Басконија со 72-70. Дарушафака во Истанбул приреди изненадување и го победи рускиот вицешампион Химки Москва со 91-85.

Погледнете ги извештаите: 

  • Реал Мадрид - Олимпија Милано 92-89:

  • Панатинаикос - Басконија 72-70:

  • Макаби Тел Авив - Жалгирис 83-85: 

  • Дарушафака - Химки Москва 91-85: 

Фелипе Рејес го одигра 342-от натпревар во Евролигата и го собори рекордот по бројот на натпревари, кој беше во сопственост на Хуан Карлос Наваро. 

  • Свеченост во чест на Рејес: 

Ник Калатес со 12 асистенции беше најзаслужен за победата во драматичен финиш на „детелинките“ од Атина.

  • Асистенциите на Калатес: 

Веќе утре почнува 28. коло, во кое дерби дуелот ќе го одиграат ЦСКА Москва и Фенербахче.