Рејес ги водеше Шпанците до лесна победа против Венецуела

По двата порази од Литванија, шпанската кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во пријателските мечеви пред Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Во Мадрид пред 9.000 гледачи Шпанија беше подобра од Венецуела со 80-65 со одлично издание на ветеранот Фелипе Рејес.

Момците на Серџо Скариоло водеа во текот на целиот натпревар и не дозволија третата најдобра селекција од Јужна Америка да ја доведе нивната победа во прашање. Рејес со 18, Гасол со 14 и Руди Фернандез со 12 поени беа најефикасни во победничката репрезентација. Кај гостите од Венецуела одличен беше Џон Кокс со 12 поени.

Шпанија на Олимпијадата во Бразил го брани среброто освоено во Лондон пред четири години.