• Саше Љолес
Екипата на Басконија ја совлада Барселона во 24. коло од шпанската АЦБ лига со резултат 103-96, но за време на еден тајм-аут, за малку не се случи голема трагедија.
Инцидентот се случи кога танчерките ја забавуваа публиката, а во еден момент од таванот на салата се откачи голем рефлектор кој падна и силно тресна на паркетот, веднаш покрај танчерската група. Официјалните лица веднаш го расчитија нередот, натпреварот продолжи, но ако рефлекторот паднеше директно врз нечиjа глава, последиците сигурно ќе беа големи.
Ojo al milagro del Buesa Arena. Había un tiempo muerto y cae un foco del techo del pabellón. Por suerte no había balón en juego y a las animadoras les ha ido por un pelo. Madre mía...#Basketistas pic.twitter.com/AGmRH9Iuhg
— (@Basketistas) March 10, 2024
Од Басконија веднаш се огласија со соопштение и најавија истрага за неодамна монтираните рефлектори, а воедно изразија жалење за непријатната случка која за среќа заврши со позитивен епилог.
Домашниот тим го совлада големиот и славен ривал, а убедливо најдобар поединец на мечот беше Американецот Маркус Хауард, кој постигна огромни 37 поени, заедно со осум прецизни удари за „тројка“.