ВИДЕО: Редик ги замолкна „кралевите“, Денвер поразен од Вашингтон

Неверојатен беше финишот на натпреварот меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс Пеликанс. Најнапред, српскиот кошаркар Немања Бјелица погоди тројка од табла и реализираше дополнително слободно фрлање со што изгледаше дека го спаси својот тим од пораз и обезбеди продолжение.

Сепак, на 1,1 секунда до крајот Џеј Џеј Редик постигна кош за победа на Пеликаните.

Денвер претрпе нов проаз, овојпат на теренот на Вашингтон со 128-114. Ајш Смит со 32 поени и Трој Браун со „дабл-дабл“ ефект од 25 поени  и 13 скока беа најзаслужи за победата на Оклахома, а кај Денвер најефикасен беше Џамал Мареј  со 39 поени.

Денвер останува на второто место во Западната конференција со биланс 24-11.

Јута славеше на теренот на Орландо, а Индијана го надигра тимот на Атланта. Победи запишаа и Оклахома на теренот на Кливленд (106-121) и Милвоки кој беше подобар од Сан Антонио (127-118).