Реал во завршната четвртина ја „скрши“ Ц.Звезда, Химки победи во руското дерби

Реал Црвена

Реал Мадрид ја запиша втората победа во низа на гости кај Црвена Звезда (60-75) и конечно заигра на посакуваниот начин на натпреварите во Евролигата.

Пабло Ласо може да биде задоволен од денешната игра на неговите избраниците, кои во поголемиот дел од мечот имаа контрола на своја страна. Првиот квартал донесе неефикасна игра и минимална предност за „кралевите“, која до крајот на полувремето беше зголемена на +6 (27-33).

Српскиот претставник ги послуша советите на паузата и целосно се врати во игра во 27. минута, кога израмни на 47-47. Во продолжението дури и успеа да направи целосен пресврт и да влезе со минимално водство во последната четвртина.

Руди Фернандез беше прво име во серијата на гостите од 12-0. Истата беше доволна да се обезбеди залиха пред последните последни минути и да се заокружи првата сезонска победа на гости на европските натпревари.

Љуљ со 13 и Фернандез со 12 поени беа најефикасни кај победничката екипа, а кај Црвена Звезда се истакна Барон со 17 поени.

Во руското дерби, Химки со цел плен си замина од теренот на Зенит (73-87).