Реал имаше лесен тренинг и рутински го доби шпанското дерби против Басконија

Реал

Шпанското дерби од 21. коло во Евролигата го доби Реал Мадрид, кој одигра убедлив натпревар на домашен терен против Басконија (89-74).

Мадриѓани се во серија од четири победи и на чекор од водечката Барселона. Денешниот судир не донесе големи проблеми за кошаркарите предводени од Пабло Ласо, кои беа разположени за игра, особено во првите три четвртини.

По првиот дел можеше да се почувствува како ќе се одвиваат настанита на оваа средба. Домашниот тим оствари двоцифрена позитива (50-35) и си ја олесни работата во пресрет на вторите дваесет минути.

Басконија парираше само во последниот период. Тогаш, „кралевите“ веќе ја имаа обезбедено победата и беа фокусирани на чување на енергијата. Јабуселе постигна 17 поени кај Реал, а поен помалку во гостинските редови запиша Болдвин.