• Зоран Мишевски

Челниците на Реал Мадрид преговараат за продолжување на договорот со аргентинскиот крилен центар Габриел Дек. Аргентинецот има договор со Реал до јуни 2024 година. Сепак, голем број европски клубови се заинтересирани за Аргентинецот и се подготвени да му платат обештетување на Реал за да го доведат Дек.
Кошаркарот на Реал сезонава во Евролигата има просек од 12,4 поени, пет скока и две асистенции по натпревар. 28-годишниот Дек пристигна во Реал минатата година од Оклахома, а веќе настапуваше за мадридскиот клуб од 2018 до 2021 година. Со Реал освои две титули во Шпанија, четири шпански Суперкупа и еден Куп на Кралот.
Дек го освои среброто со Аргентина на Светското првенство во Кина во 2019 година.