• Зоран Мишевски
Кошаркарската секција на Реал Мадрид ќе го промени тренерот и покрај освојувањето на шампионската титула во домашни рамки. Чус Матео веќе бил известен дека нема да му биде продолжен договорот и слободен е да ја избере својата следна дестинација. Овој тренер дојде како замена за Пако Ласо и со Реал Мадрид ги освои сите домашни и интернационални трофеи.
Актуелниот селектор на шпанската репрезентација, Серхио Скариоло, ќе биде новиот предводник на мадридскиот клуб. Неговата последна клупска работа беше во Виртус. Со екипата од Болоња го освои Еврокупот во 2022 година.
Скариоло се враќа во Мадрид, каде со успех работеше пред една деценија, пред да стане селектор на Шпанија и да ги освои сите можни титули.
Минатата недела заврши плеј-офот на Ендеса лигата, а Реал во финалето во три меча го победи тимот на Валенсија.
