Реал падна во Пиреја, ЦСКА слави во дербито против Анадолу Ефес

Реал Мадрид го запиша првиот пораз во новата сезона на Евролигата, откако капитулираше на гостувањето во Пиреја против Олимпијакос (74-68). „Кралевите“ немаа сили, често беа во дефицит против грчкиот домаќин и на крајот загубија. 

  • Олимпијакос - Реал Мадрид 74-68:

Александар Везенков беше најдобар играч во редовите на Олимпијакос, со 16 поени и десет скокови имаше „дабл-дабл“. Вилијамс-Гос со 16 и Таварес со 15 беа најдобри во таборот на гостите. 

Дербито во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул меѓу Анадолу Ефес и ЦСКА Москва заврши со триумф на Русите од 96-100. Василије Мичиќ имаше свој ден, уфрли 32 поени за Ефес, ама тоа беше недоволно за победа на неговата екипа. Кај ЦСКА најдобар беше Шенгалија со 23 поени, додека одлични партии имаа и Клајбурн со 18, како и Лундберг и Воигтман со по 17 поени. 

  • Анадолу Ефес - ЦСКА Москва 96-100:

На останатите терени Монако стигна до втората победа, по продолженија со Уникс Казан (80-88), а гостински славја запишаа и АСВЕЛ кај Алба (67-71), како и Милано со Басконија (64-78).

  • Алба - АСВЕЛ 67-71: 

  • Уникс Казан - Монако 80-88:

Барселона, Монако, Олимпија Милано, АСВЕЛ, Олимпијакос и Зенит се шесте екипи со по две победи по две кола.