ВИДЕО: Реал немаше сили за нов пресврт, Ефес е вториот учесник на Ф4 турнирот

Симон

Анадолу Ефес успеа да го елиминира Реал Мадрид (88-83) во трилер натпревар на четвртфиналната „мајсторка“. Херој на домашната екипа беше Крунослав Симон кој во последната минута со тројка ги отпиша избраниците на Пабло Ласо.

Првите две четвртини им припаднаа на гостите. Мадриѓани го искористија нервозниот почеток на противникот за да стекнат минимална предност. Томпкинс и Керол беа расположени за игра и најголем проблем за турскиот тим по првите 20 минути од мечот, по кои „кралевите“ обезбедија резултат 36-41.

Следуваше одговор од Анадолу кој направи серија 14-0 и направи своја двоцифрена разлика. Меѓутоа влогот беше голем за гостинскиот тим да се откаже. До крајот успеа да се врати во игра за победа и во еден момент дури и одново да стигне до предност.

Се играше кош за кош во последните две минути од мечот. Тензијата и неизвесноста растеа како што одминуваа минутите. По едно промашување на Љуљ, тешка тројка со звукот на сирената погоди Симон и го одлучи победникот. Во тој момент резултатот на семафорот гласеше 83-80, а Синглтон од линијата за слободни фрлања го запечати пласманот на Ф4 турнирот.

Најефикасен на теренот беше Синглтон со 26 поени. Кај мадриѓани прво име беше Лапровитола со 17 поени, колку што запиша и Симон.

ЦСКА Москва прва обезбеди место на завршниот турнир кој оваа година ќе се одржи во Келн.