• Саше Љолес
Хрватот Марио Хезоња добива нов договор од Реал Мадрид и ќе се задржи во „кралскиот клуб“ до 2029 година.
Одличниот кошаркар има опција за заминување само ако дојде понуда од НБА лигата, но такво сценарио во моментов е малку веројатно.
Минатата сезона одира 44 натпревари во Евролигата, просечно бележејќи 13,3 поени, четири скокови и 2,4 асистенции по натпревар, со 51% шут за два поени и 30,6% за три поени.
Хезоња во кариерата настапуваше за Барселона, Орландо, Њујорк, Портланд, Панатинаикос и Уникс Казан, а во Реал Мадрид е од 2022 година.
