Реал Мадрид славеше среде Виторија за прво водство во финалето на шпанскиот плеј-оф

Реал Мадрид го надомести минусот од првиот од двата домашни меча и ја победи Басконија среде Виториа пред повеќе од 15.000 гледачи во третиот натпревар од разигрувањето во Ендеса лигаа. „Кралскиот клуб“ со подобра игра во второто полувреме победи со 78-83 и поведе во финалната серија со 2-1.

Клучни играчи во победата на Реал беа Лука Дончиќ и Керол со 20, односно 15 поени, додека во тимот на Басконија премалку беа одличните партии на Рафаел Бубуа, кој даде 17 поени, и Матс Џенингс, кој беше стрелец на 12 поени.

Реал Мадрид ќе има шанса на следниот меч задутре во Виториа, на теренот на противникот да стигне до третата победа во серија подобар од пет и да ја врати титулата во своите витрини, откако лани првак беше Валенсија.