Реал Мадрид се засили со доминикански репрезентативец

Европскиот вицешампион и освојувач на Ендеса лигата го доведе првото засилување за новата сезона. 

Реал Мадрид потпиша тригодишен договор со Андрес Фелиз. Овој кошаркар во Реал доаѓа од Хувентуд, клуб за кој минатата сезона во Еврокупот имаше просек од 14,7 поени и 5,1 асистенции по меч.

Фелиз е роден во Доминиканската Република, а професионалната кариера ја започна во Шпанија.

Вчера „кралскиот“ клуб го продолжи договорот со Марио Хезоња до 2029 година.