Реал Мадрид реди победи во Евролигата, значајно славје и за Макаби Тел Авив

Кошаркарите на Реал Мадрид продолжуваат со фантастичните резултати во Евролигата и вечерва впишаа нова убедлива победа во елитата. Во шпанската престолнина „прегазен“ беше тимот на Уникс Казан со 17 поени разлика (85-68), во натпревар во кој „кралевите“ доминираа од првата до последната минута. Oва е лек на рана за момците на Ласо за поразот во „Ел Класико“ во неделата.

  • Реал Мадрид - Уникс 85-68:

Мадриѓани уште во првото полувреме ставија крај на сите надежи на рускиот тим, па во продолжение Лесо комбинираше со својот тим. Тоа донесе дури десет стрелци во редовите на шпанскиот тим, а најпрецизен беше Таварес со 14, еден помалку имаше Јабуселе, a Љуљ запиша 11 поени. Во поразениот тим прв стрелец беше Браун со 11 поени.

  • Макаби Тел Авив - Алба Берлин 87-78: 

Значајна победа во битката за плеј-оф извојува тимот на Макаби Тел Авив, кој на свој терен со 87-78 славеше на дуелот со Алба Берлин. Турскиот репрезентативец Вилбекин со 18 и Американецот Вилијамс со 16 поени беа најпрецизни во таборот на Макаби, додека германскиот тим најрасположен беше Ло со 18 поени.

  • Асвел - Баерн Минхен 68-77:

Од вечерашната програма на Евролигата победа извојува и Баерн Минхен, кој на гости кај Асвел триумфираше со сигурни 68-77.